Разговорите околу спорот за името, можат позитивно да завршат доколку двете страни искрено се заложат за тоа, порача претседателот на земјава Ѓорге Иванов, при обраќањето пред претставниците на дипломатскиот врв кои се во земјава, на организираниот традиционален прием на странски дипломати во Берово.

Тој потенцира дека земјава останува посветена на овој процес, дефиниран во рамките на Времената спогодба, резолуциите и пресудата во Хаг. „Во контекст на надворешната политика, Македонија останува искрен и конструктвиен актер следејќи ги светските трендови на промена на старите димпломатски практики на ароганција, дволичност и лажни пријателства.“ – додаде Иванов.
Инаку, на овој традиционален прием на претседателот кој вторпат се организира надвор од главниот град, присуствуваа 56 дипломати меѓу кои амбасадорите на САД, Европската Унија, Германија, Холандија и земјите од регионот.
OhridNews












