Претседателот на Р.Македонија, Ѓорѓе Иванов во живо од трибините на “Арената“ ја следеше победата на македонската ракометна репрезентација над Полска . Иванов пред мечот им посака среќа на репрезентативците, а потоа беше меѓу првите што им ја честита победата.


– Ова е голема победа, ваквите победи не сплотуваат и не обединуваат -рече претседателот Иванов.

Посетата на Иванов на македонските ракометари не остана незабележана од новинарите на ЕХФ кои направија интервју со македонскиот претседател кое ќе биде објавено денеска.

М.П.