Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов излезе меѓу граѓаните на плоштадот “Македонија“ во Скопје да ја прослави победата и да ја сподели радоста со македонските граѓани.


– Победите и успесите посебно на спортски план се нешто што ни недостигаше во овие 20 години. Македонските ракометари одигра шампионат за паметење и сите тие ќе добијат медал за заслуги за Македонија – рече Иванов.

Иванов потенцираше дека е оптимист во пресрет на квалификацискиот турнир за ЛОИ и оти ќе продолжиме со победи.

М.П.