Македонска делегација предводена од претседателот Ѓорѓе Иванов, денес,  положи венци на спомен обележјето во Ротиње каде пред десет години падна владиниот авион при што животот го загубија претседателот Борис Трајкоски и членовите на македонската делегација и екипажот.

– Тој кобен 26 февруари, сите ние загубивме дел од нас. Ближните загубија сакан сопруг, татко, син, брат, роднина, пријател…Македонија загуби голем државник и визионер со европска и евроатлантска стратегија. Регионот загуби миротворец посветен на дијалогот, градењето доверба и меѓусебно разбирање и почитување. Светот, пак, загуби човек со големо срце кој, со својата добра мисла, ги поврзуваше луѓето каде и да одеше. Преку него, Македонија стекна нови и цврсти пријателства насекаде во светот. Борис Трајковски беше светлина за Македонија, но и за регионот, тогаш кога ни беше најнеопходно. Беше на чело на Република Македонија во време на најтешкото премрежје од независноста на државата. Во време кога минувавме низ најголемата бура, Трајковски управуваше со кормилото на нашата татковина и успешно нè извлече од немирните води, рече претседателот Ѓорѓе Иванов.

Почит за Трајковски оддаде и висока делагација на Босанското раководство.

OhridNews