Претседателот на Реублика Македонија д-р Ѓорге Ивнов, денеска, во Вила Билјана во Охрид, ќе приреди прием за учесниците и организаторите на 51-то издание на Струшките вечери на поезијата.
Годинава на престижната меѓународна поетска манифестација, која традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, учествуваат педесетина поети од триесетина земји од сите страни на светот.
Претседателот Иванов ќе присуствува и на настанот во катедралната црква „Св. Софија“ каде ќе биде претставено творештвото на годинашниот добитник на Златниот венец, Монгани Вали Сероте од Јужна Африка.