Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата, денеска, претседателот Иванов ќе оствари средби со Генералниот Секретар на НАТО, г.Андерс Фог Расмусен, со Европскиот комесар за проширување, г. Штефан Фуле и со Претседателот на Европскиот парламент, г.Мартин Шулц. Македонскиот претседател во среда, ќе оствари средба со Претседателот на Советот на Европската Унија, г. Херман Ван Ромпуј.
Централни теми во разговорите со претставниците на Европската Унија ќе бидат македонските интеграциски процеси, можноста за нивно деблокирање, тековниот реформскиот процес во рамки на Дијалогот на високо ниво, како и очекувањата на Република Македонија во однос на претстојниот извештај на Европската Комисија.
На средбата со Генералниот Секретар на НАТО, г. Андерс Фог Расмусен, ќе се разговара за односите на Република Македонија со НАТО Алијансата, случувањата во регионот на Југоисточна Европа, а ќе бидат разменети мислења и околу Самитот во Чикаго.