Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вилата „ Билјана“, го прими поранешниот претседател на Чешката Република, Вацлав Клаус.
На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од нивото на билатералните односи меѓу Република Македонија и Чешката Република.
За време на средбата беа разменети мислења околу предизвиците со кои се соочува Европа и ЕУ, предизвиците во процесот на евроатланските интеграции, како и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.
Поранешниот чешки претседател изрази благодарност за можноста да учествува на четвртата Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, започнува денес во Охрид.
Предвидено е поранешниот чешки претседател да има свое обраќање на свеченото отворање на Школата и да одржи свое предавање.
OhridNews