Според официјалните податоци на Државната изборна комисија од претседателските избори во земјава за 1.101 избирачко место или вкупно 37 отсто од вкупно 2.976 избирачки места,  најмногу гласови освоил кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Иванов 82.329 гласови (37,37%). По него следуваат кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски со 43.485 (19,74%), независниот кандидат Љубе Бошковски 36.439 гласови (16,54%), Имер Селмани од Нова Демократија 29.139 (13,23%), Агрон Буџаку од ДУИ 14.698 (6,67%), Мируше Хоџа од ДПА 7.358 (3,35%), и Нано Ружин од ЛДП 6.836 гласови (3,1%).

Во овие избирачки места, одѕивот на гласачите е 58,16 отсто.

OHRIDNEWS