Францускиот првак Пари Сент Жермен обезбеди минимална предност (2-1) по првиот меч со Челси во осминафиналето од Лигата на Шампиони.
Херој на „светците“ беше уругвајскиот репрезентативец Едисон Кавани кој од клупата влезе и го постигна победничкиот погодок.
– Дојдовме да ја играме нашата игра и успеавме. Дадовме гол во гости и ја остваривме целта, но и погодокот на Кавани е исто така важен. Игравме со голема самодоверба, несватливо е како паднавме во финишот што не чинеше пораз. Еден два детали го одлучија победникот, но тоа е фудбалот особено во Лигата на Шампиони. Нам ни останува пред нашите гледачи да ја надохнадиме негативата и да обезбедиме пласман во 1/4 финалето. – рече Бранислав Ивановиќ.
Реванш натпреварот во осминафиналето на Стемфорд Бриџ се игра на 3 март.
OhridNews











