Дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ, беше актер во еден инцидент за време на натпреварот помеѓу неговиот тим и Евертон кој се одигра во средата. Ивановиќ во финишот на натпреварот се обиде да го удри противничкиот играч Џош Mекарти.
Имено во 88.минута фудбалерот на Евертон Герет Бери го доби вториот жолт картон, во тој момент настана мешаница помеѓу играчите, а Ивановиќ влезе во конфликт со Мекарти. Најпрвин делуваше дека Ивановиќ се обидува да го тргне Мекарти од гужвата, но на снимката е забележливо дека тој се обиде да го гризне противничкиот фудбалер.
По натпреварот кој Челзи го доби со голот на Вилијан во 90.минута, новинарите константно го прашувале Жозе Мурињо за овој инцидент, но тој се закани дека ќе ја прекине прес конференцијата доколку не престанат да го прашуваат.
„Макфакс“