Српскиот дефанзивец Бранислав Ивановиќ со помош на Жозе Мурињо ќе ги срушат принципите на богатиот сопственик на Челси, Роман Абрамобиќ.


Управата на „сините“ на фудбалерите постари од 30 години не му понудува нов договор повеќе од една година, но тоа правило нема да важи за Ивановиќ.

Моментално дефанзивецот има 31 година, а со новиот четиригодишен договор најверојатно и ќе ја заврши кариерата во екипата на Челси.

Неколку сезони наназад српскиот репрезентативец е меѓу најдобрите фудбалери во тимот на Челси.

Неслучајно и португалскиот стручњак Мурињо изјави дека Ивановиќ е најдобриот трансфер на Челси во историјата на Абрамовиќ.

Мх.П.