Ракометарите на Охрид, Мартин Ивановски и Кристијан Димитриески отпаднаа од кадетската репрезентација која се подготвува за претстојното Светското првенство кое ќе се одржи во Скопје.

Дуото од Охрид беше дел од подготовките на селекцијата во Струга, но нема да продолжи во Маврово каде ќе финализираат подготовките за СП. Покрај Ивановски и Димитриески отпадна и Дарио Корофилоски кој настапува за тимот на Металург.

  • Ова беше една од најтешките одлуки што морав да ги донесам. Сите 23 ракометари одработеа максимално и нијанси решаваа. Моја одлука е, јас ја понесувам одговорноста. За овие тројца ракометари, немам никаква посериозна замерка и сметам сериозно на нив во иднина. Сепак, оваа репрезентација има уште натпреварувања пред себе. – изјави селекторот Данило Брестовац.

Ракометниот Мундијал за кадети стартува на 6 август и ќе трае до 18. „Црвено жолтите“ во групата на СП се наоѓаат со Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска.

OhridNews