
Ивановски потенцира дека од идната година, постоечкиот аналоген сигнал ќе биде заменет со дигитален. „Ќе се пренаменат фрекфенциите што се користат во тој опсег, а мобилните оператори ќе можат да понудат и 4Г услуга. Сето ова ќе озможи многу побрз интернет преку мобилните уреди.“
Ресорниот министер најави дека во наредниот период, ќе бидат донесени нови законски регулативи. Целта на овие регулативи, како што рече Ивановски, е да се професионализира работата на медиумите, односно на телевизиските станици, кои во иднина ќе бидат со национална и регионална концесија.
Инаку, во подготовката на новиот закон, ќе бидат вклучени мислењата на медиумите, експертите од европскиот и приватниот сектор како и на фактори, кои имаат надлежности во тој домен.












