
Во своето обраќање пред присутните Ивановски ја отвори и темата за високите цени на роаминг услугите, кои македонските граѓани ги плаќаат, при што упати апел до потпретседателот на Европската Комисија, еврокомесарот Нели Крос, да ја поддржи иницијативата што Македонија ја започна со Србија и Црна Гора.
Истовремено, тој побара побрзо да се направат неопходните измени на регулативата во Брисел за да можат граѓаните на Република Македонија да плаќаат исти услуги, како и граѓаните на земјите членки на ЕУ.
OhridNews
Makfaks












