Охриѓанецот Ивица Поповски кој боледува од тешка бубрежна болест успешно е опериран во Турција и сга му следи опоравување.
Тој преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите хумани граѓани кои му помогнаа во тешките моменти.
Од дното на срцето ви се заблагодарувам за секоја донација, секоја порака, споделување и поддршка што ми ја упативте. Вашата хуманост, солидарност и желба да помогнете направија да се собере потребниот износ и да се овозможи тоа што сам не можев да го постигнам.
Ова не е само финансиска помош — ова е доказ дека постојат луѓе со големо срце кои се подготвени да застанат зад некого во тешки моменти. Вашата добрина ми даде сила, надеж и верба дека не сум сам во овој пат.
Искрено го ценам секој што одвоил време, внимание и средства. Секој од вас има свој удел во ова, и тоа никогаш нема да го заборавам.
Ви благодарам од срце што ми помогнавте тогаш кога најмногу ми требаше. Благодарение на вас и на медицинскиот тим, операцијата беше успешна сега останува опоравувањето .
Со голема благодарност и почит ❤️
Ивица Поповски
OhridNews













