Поранешниот голаман на Партизан и репрезентацијата на Србија и Црна Гора, Ивица Краљ ќе биде еден неколкуте промотори на охридскиот Спортско рекреативен центар “Билјанини Извори“ на територијата на Србија.


На неодамна одржаниот туристички саем во Белград, како и при посетата на спортските клубови “Билјанини Извори“ ги презентираше можностите кои ги нуди центарот, фудбалските игралишта, спортската сала, модерната атлетска патека , а главниот адут на охриѓани се климатските услови според кои Охрид е идеален во зимскиот период.


        –  За време на нашата посета остваривме повеќе средби,  поранешниот голман на Партизан Ивица Краљ  ја прифати понудата да биде промотор на Охрид  кај фудбалските тимови на Србија, договорено е главни промотори кај кошаркарските екипи да бидат долгогодишниот директор на спортската сала “Пионир“, Жарко Бацковиќ, како и поранешниот тренер на охридскиот  Профитнес, Драган Николиќ, кој моментално работи во тимот на Раднички кој е лидер во второлигашката конкуренција. Договоривме соработка и со женскиот клуб кој го води Марина Маљковиќ,  а остваривме средба со советници за спорт во градот Панчево – вели Зоран Стевоски од  ЈП “Билјанини Извори“.



Од  ЈП “Билјани Извори“ сметаат дека со пакет понуди во кои ќе бидат опфатени повеќе сегменти ќе ги заинтигриаат клубовите од нашето опкружувње.

          – Во план ние да им понудиме еден пакет на услуги во кои би го вклучиле хотелското смеетување, користење на спортските терени за натпревари и исто така работиме на тоа да е имлементира медицинската заштита на екипите. Исти таков еден пакет планираме да им понудиме и на фудбласките и кошаркарските екипи во Албанија, многу јасно е дека земјите од нашето опкрувжуање се цел на нашиот интерес – истакна Стевоски кој смета дека Охрид со се` што поседува во овај момент може да задоволи дел од барањата на клубовите.


Најгорлив проблем во охридската понуда, е слабата инфраструктура во центарот , кој тешко дека би можел да одговори на барањата на некоја од пореномираните екипи од овие простори.

        –  Што се однесува до кошаркарските екипи, нашата спортска сала ги задоволува оние минимални критериум за доаѓање на екипи, што се однесува до фудбалските терени правиме напори во догледно време да изградиме два фудбалски терени со вештачки терени кои би ги користеле , бидејки секаде во светот тренд е играње на вештачка трева  со што воопшто нема да зависиме од временските услови – потенцираше Стевоски.


Како најава за престојната сезона од ЈП “Билјанини Извори“ посакуваат да го возобноват кошаркарскиот турнир кој години на назад беше актуелен во Охрид. Тој тогаш се играше на градскиот полигон,  а на него се собираа неколку илјади гледачи. Од таму велат дека ова лето би било идеално за еден ваков турнир бидејќи кошарката ќе биде спорт број еден токму во пресрет на Европското првенствот во септември на кое ќе учествува и Македонија.


М.Постоловски