Ивона Куноска од Пештани избрана за најдобар „Млад библиотекар“ за 2023 на одржаниот регионален натпревар во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев” во Охрид.

На натпреварот беа поканети сите основни општински училишта од Охрид и Дебрца, а се натпреваруваа ученици и ментори од 6 училишта, со вкупно 13 ученици. Комисијата во состав Никола Ристовски – претседател, Бети Лазеска – Симоноска и Христина Трпеска – членови соопшти дека најсолидни одговори на тестирањето покажала ученичката Ивона Куноска, информираат од Библиотеката.

Куноска освоила 84 од вкупно 100 поени, под менторство на наставничката Емилија Митреска.

На сите натпреварувачи и ментори во знак на благодарност НУ Библиотека „Григор Прличев“ им додели благодарници и книги, а првонаградената Куноска на 10 мај ќе учествува на Државниот натпревар „Млади библиотекари”, кој ќе се одржи во Кочани.

OhridNews