Исламската верска заедница (ИВЗ) соопшти дека Ријасетот ја откажал традиционалната централна манифестација за празникот Рамазан Бајрам.

Од ИВЗ објавија мерки за заштита од ковид-19 меѓу кои препорачуваат за молитви да се користат дворовите на џамиите, секој верник да си носи лично сеџаде, а при влез во џамиите да се прави дезинфекција на рацете или да се носат ракавици. Тоалетите и местата за земање абдест ќе бидат затворени.

Објавените мерки за заштита кои ИВЗ ги налага и треба да се спроведат во секоја џамија се:

  • Сабах намаз да се извршува дома;
  • Извршувањето на намазот на Фитр бајрам да не биде подолго од 15 минути;
  • Максимално да се избегнат поздравите со физички контакт;
  • Откажување од посета на гробишта;
  • За време на Фитр бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку;
  • Дезинфекција на џамии;
  • Задолжително носење маска;
  • Чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици;
  • Секој верник треба да има лично сеџаде;
  • Што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите;
  • Меѓу верниците да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе;
  • Забрането е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата;
  • Абдест да се зема дома – абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени;

Вчера ИВЗ и нејзиниот поглавар, Сулејман Реџепи, со писмо до Владата информираа дека нема да ги откажат молитвите.

OhridNews