Чуварите на еден затвор на истокот од Индија пронашле затвореник што исчезнал претходниот ден и тоа на кровот од затворот како – спие.

Раџу Гаџи (19), кој бил уапсен заради бандитизам и кражби, па бил пратен на издржување казна во затворот во Калкута, им рекол на полицајците дека му здодеала затворската рутина и единствено што сакал е добро да се наспие.

„Дадовме тревога и секаде го баравме, а од него ни трага ни глас“ изјавил портпаролот на индиската полиција.

Ден потоа, стражарите слушнале чудни звуци кои доаѓале од кровот на затворот. Се качиле и го нашле „бегалецот“ како ржчи. Разбуден од најдлабок сон, Гаџи се престрашил кога ги видел полицајците со вперени пушки.

reuters