Противпожарен авион од типот „Ер трактор“ вo средата слетал без спуштени тркала на пистата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, пренесува „Макфакс“.

Слетувањето било извршено на пловките кои се предвидени за слетување на вода чија кобилица е засилена со дополнителна алуминска лајсна.

Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, вакви инциденти се случуваат заради динамиката на работата во текот на операциите за гасење на пожари, високите температури, честата промена на конфигурацијата на авионот за слетување во зависност од подлогата за слетување (вода – писта) и тешките услови за работа.

Дирекцијата за заштита и спасување формира комисија за испитување на случката и утврдување на причините кои довеле до инцидентот.

OhridNews
извор:„Макфакс“