Од подрачното одделение на Државната изборна комисија информираат дека на ниво на општината, вклучувајќи ги и месните канцеларии, до сега ова право го искористиле околу 400 граѓани. При тоа, не се утврдени било какви пропусти во избирачките списоци.
Увидот кој започна на 25- ти април, може да се изврши во просториите на подрачното одделение на Државната изборна комисија, кои се наоѓаат во општинската зграда, како и во месните канцеларии во Пештани, Косел, Белчишта, Велмеј и Требеништа.
Роковите за увидот се скратени, согласно изборниот законик, поради тоа што се работи за предвремени парламентарни избори. Веднаш по затворањето, Државната изборна комисија најдоцна за десет дена ќе го заклучи Избирачкиот список, во кој ќе се направат сите промени кои произлегле од увидот.