По повод Денот на екологијата, 5-ти јуни, Женскиот центар „Бисера“ од Охрид објавува награден конкурс за избор на најубаво уреден двор и станбена површина.

Како што велат од ЖЦ „Бисера“, конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните да учествуваат и дадат придонес за почист и поубав Охрид во пресрет на туристичката сезона.

Конкурсот трање до 1-ви јуни, а сите заинтересирани граѓани своето учество можат да го пријават секој работен ден од 10 до 13 часот на телефонскиот број 264-469 или во канцеларијата на ЖЦ „Бисера“ на улицата „Димитар Влахов“ број 8.

OhridNews