
На средбата не присуствуваше единствено лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој ја бојкотираше средбата незадоволен, од како што кажа, селективниот пристап на судските органи во расчистувањето на минатогодишните избори поради кои Македонија доби остри критили од меѓународната заедница.
На фер избори повикаа и амбаадорите на ЕУ и САД, Ерван Фуере и Филип Рикер, кои деновиве ги обиколија општините во кои се очекува жестока битка во вториот круг од изборите. Изборите будно ќе ги следат и околу 7.000 набљудувачи, од кои околу 500 се од странство.











