Пратениците во македонското Собрание вчера со 96 гласа „за“ и ниту еден „против“ ги усвоија измените во Изборниот законик, по скратена постапка, со кои се бришат членовите со кои се предвидува одржување на изборите на 5 јуни 2016.

Со оваа одлука, изборите се укинуваат на неопределено време, а престанува и обврската на медиумите да не емитуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања“.

OhridNews