Неколку лица се приведени во СВР Куманово, а издаден е налог од истражниот судија да се земат избирачките списоци од три избирачки места од Куманово на увид во полиција, поради наводно   спречување на избирачкото право, изјави пратеникот Оливер Спасовски.

Тој ја обвини власта за обид за фалсификување на волјата на граѓаните, со цел да се одземе победата на кандидатот на опозицискиот Сојуз за иднината Зоран Дамјановски, посочувајќи дека на избирачките записници немало никакви забелешки и на нив биле потпишани сите членови на избирачките одбори и на комисијата.

-Директно станува збор за вклучување на партиско-полициската држава, најверојатно поради тоа што Гордана Јанкуловска беше неофицијално шеф на изборниот штаб на Зоран Георгиевски и сега сака преку полициски методи да направи менување на резултатите во Општина Куманово.-изјави Спасовски.

Државната изборна комисија за денеска во 10 часот ќе одржи седница на која ќе биде разгледано барањето од ОИК Куманово по доставени наредби од истражен судија за одземање на избирачкиот список од ОИК Куманово за три избирачки места.

OhridNews