Изборни пораки осамнале вчера на фасадата од семејната куќа на кандидатот за градоначалник од ВМРО НП, Томе Гиноски.

Од ОИШ на ВМРО НП, не информираа дека инцидентот се случил вчера.
-Според пораките претпоставуваме кој би можел да ги напише, но со сигурност не можеме да кажеме ништо, ни изјавија од ВМРО НП. Оттаму не информираа дека инцидентот е пријавен во полиција, до Општинската изборна комисија и невладината МОСТ, и дека очекуваат случајот брзо да биде расветлен. Од ВМРО НП најавија дека утре в.д. претседателот на партијата Марјан Додоски во Охрид ќе одржи прес конференција на која ќе стане збор за инцидентот во Пештани.










