Гостинскиот триумф (29-28) на Вардар во Германија против Кил не беше вреден за ЕХФ, бидејќи во изборот на најдобрите од првите 1/4 финални мечеви нема ниту еден преставник од актуелниот македонски и европски првак.
„Вардарци“ не ги поминаа „тешките“ кретириуми на ЕХФ за влез помеѓу најдобрите голови, одбрани или изборот за тимот на 1/4 финалето. Ваквите чудни избори на ЕХФ не се воопшто новитет и често на удар се наоѓа европската куќа на ракометот за доделувањето на наградите за најдобар играч или голман.
Сепак, во ракометот и спортот воопшто се игра да се победи, а Вардар го прави добро и се наоѓа пред ново учество на Ф4, а чудните избори на ЕХФ можете да ги погледнете на следниов линк.
OhridNews