Денеска на пладне во охридското Супер радио, златната рипка „Желба“ го избра новиот градоначалник на Охрид, меѓу двајцата најсериозни кандидатити .
Како што информира организаторот на овој невообичаен избор, резултати ќе бидат објавени во недела после 19 часот.
„Според законските регулативи, нема да ги објавувиме резултатите, а тоа ќе го сториме во недела после 19 часот. Целата акција беше направена во само два-три дена, после последните, немили случувања во Охрид. Сакаме да дадеме еден скромен придонес како медиум во смирување на страстите и затоа се одлучивме за една ваква акција по примерот на октоподот Пол кој ги предвидуваше резултатите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка. Желба одбра, а сега останува и охриѓани да го кажат својот збор во недела на едни, се надеваме мирни, фер и коректни избор.“ – истакна главниот и одговорен уредник на Супер радио Сашо Митаноски.
Митаноски посочи дека аквариумот со златната рипка, ќе оди во сопственост на новиот градоначалник на општина Охрид.
Инаку, златната рипка „Желба“ одбра од кој дел од поделениот аквариум со обележјата на двајцата кандидати, ќе земе храна.
OhridNews