Посетителите кои за време на викендот се затекнале на првенството во сурфање кое се одржувало во летовалиштето Вина Дел Мар во Чиле, со воодушевување го испратиле и меѓународниот натпревар Мис Гребен 2011, бидејќи сите натпреварувачки биле облечени само по припиени маички и танга гаќички.
Во жестоката конкуренција за титулата мис Гребен, односно девојка со најубаво тело, и награда од 3000 долари се натпреварувале девет натпреварувачки, а победата отишла во рацете на бразилската манекенка Сандина Соса.
Натпреварувачките позирале во многу предизвикувачко издание, бидејќи титулата ја добивала девојката со најубаво тело, а судиите навистина биле на тешки маки. Секоја година на овој натпревар се собираат голем број сурфери. Меѓутоа многу поголемо внимание од натпреварот во јавање на бранови привлекуваат токму расните убавици кои учествуваат во изборот за девојка со најубаво тело, а судејќи по фотографиите, вниманите кое го добиваат се сосем заслужено.