Како што пренесуваат дел од македонските медиуми, синоќа на одржаниот состанок на Централниот комитет на владејачката патија ВМРО-ДПМНЕ, бил изгласан нов Извршен Комитет на партијата.

За нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е избран сегашниот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски.

Досегашниот генерален секретар, Мартин Протугер во наредните четири години ќе ја извршува функцијата Шеф на кабинетот на Претседателот на Владата.  Протугер го отстапува местото генерален секретар на партијата на лично барање поради здравствени причини.

За членови на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се избрани : Мартин Протугер, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Илија Димовски, Марјан Ристевски, Коце Трајановски, Ивица Коневски, Александар Николовски, Крсто Муковски, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Караѓозова и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов, како и новиот генерален секретар, Кирил Божиновски.

OhridNews