Во Министерството за транспорт и врски, се одржа јавно наддавање за доделување на краткотраен закуп на плажата број 3 во Струга, позната како Женска плажа.
 
За најповолен понудувач е избрана фирмата ДУТТУ „Женска плажа 2009“ ДООЕЛ Струга, која понудила 60 денари за метар квадратен, или вкупно 971.880 денари за двегодишен закуп на истата.
 
Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од одржаното јавно наддавање да ја уплати утврдената сума од 60 денари по метар квадратен за површината од 8099м2 за закуп за една годишна закупнина и ист износ- како гаранција за исполнување на условите од договорот, кој ќе се изготви и ќе се пристапи кон склучување по извршената уплата.
 
Од Министерството за транспорт и врски потенцираат дека доколку не се уплати наведениот износ нема да се пристапи кон склучување на договор за краткотраен закуп и нема да бидат вратени средствата од депозитот, а банкарската гаранција ќе се активира.

Ohridnews