Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби во рамки на конкурсот:„Сонце, плодови и лисја црвени и златни насликани на најубавото есенско платно“ кој го спроведуваше Општина Охрид во соработка со основните училишта во Охрид и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.

Од пристигнатите литературни творби за најдобра беше прогласена од  Виктор Милевски, VI одделение од ОУ„ Григор Прличев“- Охрид за што доби парична награда од 7.000,00 денари, втора награда освои , Климент Укоески VI  одделение, од ОУ„ Св.Климент Охридски “- Охрид во висина од 5.000 денари и третата награда во висина од 3.000,00 денари ја доби Матеа Колеска, III  одделение, од ОУ„ Григор Прличев“, Охрид.

Од пристигнатите ликовни творби, прва награда освои Маја Џајкоска од IV одделение при ОУ „Григор Прличев“-Охрид во висина од  7.000,00 денари, втората награда во висина од 5.000,00 денари ја освои Андреј Боев, VIII одделение, од ОУ„ Св.Климент Охридски “ , Охрид, третата награда во висина од 3.000 денари ја доби Сара Ораческа од  VIII   одделение , од ОУ„ Григор Прличев“ , Охрид.

Наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид , на ул. Димитар Влахов  бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 18.00 часот.

 

OhridNews