Стручниот штаб на репрезентацијата на Џудо федерацијата на Македонија врз база на постигнатите резултати ја донесе следната одлука: Најдобар џудист за 2012 година е Владимир Стојаноски, кој во составот на јуниорската репрезентација настапи на Балканското првенство за јуниори, настапи на Србија Опен, се закити со златен медал од Државните првенства за Јуниори, Сениори и Млади сениори до 23 година.


Најдобра џудистка за 2012 година е Блерина Сефери, која во составот на пионерската репрезентација на Македонија настапи на Балканијадата во Сливен – Бугарија се закити со златен медал, кој е прв во историјата од Балканските првенства, се закити и со златен медал од Државното првенство за Пионери.

Со оглед на тоа што на двајцата им претстои светла иднина, стручниот штаб на ЏФМ планира во иднина да се насочи кон усовршување на џудистите од овај калибар, а со тоа да им се овозможи континуиран развој и освојување на уште многу медали од Европските и Светските првенства, а секако и најсјаниот медал од Олимписките игри.

Ohridnews