Џудо Федерацијата на Македонија ги прогласи најдобрите џудисти во машка и женска конкуренција во 2011 година. Најдобар џудист во машка конкуренција е Ванчо Сaрафов, кој во изминатава година учествуваче на голем број турнири, освојувач на бронзен медал на Интернационалниот џудо турнир „Лондон Опен 2011“, учесник на претстојните ЛОИ Лондон 2012.

Најдобра џудистка во женска конкуренција е Катерина Николовска, имаше одлична сезона, а во изминатава година се закити со бронзен медал од Балканското првенство за сениори/ки кое се одржа во Беочин – Србија.

Од Џудо федерацијата на Македонија и официјално посакаа следната година медалите да бидат уште поблескави и побројни.

Ohridnews