Викендов се одржа 20- та по ред манифестација „ Тортијада“ во организација на Женски Центар „ Бисера“. И оваа година Тортијадата имаше натпреварувачки карактер, а учествуваа слаткарници од Охрид и жени аматерки.
Со гласање на сите присутни гости, за најубаво украсена од подготвените торти од страна на слаткарниците беше избрана тортата „ Розова чипка“ од слаткарница Савита, втора тортата „ Зимска бајка“ од слаткарница Мис и трета „ Тиквешки Гроздобер“ од слаткарница Бајадера.
Од жените аматери, прво место освои тортата „ Зимски сон“ од Билјана Костоска, второ место тортата „ Три ангели“ од Гордана Робеска и трето тортата „ Мадагаскар“ од Валентина Адамова.
Оваа година покровител на манифестацијата беше Марија Србиноска, менаџер на маркети „ Тамаро“.
OhridNews