По повод денот на екологијата, 5-ти јуни Женскиот центар „Бисера“ од Охрид традиционално секоја година избира најубаво уреден двор и најубаво уредена станбена површина.
Целта на акцијата е поттикнување на свеста на граѓаните за почист и поубав Охрид.
Годинава за најубаво уредени избрани се дворовите на:
– Јордан Кушелески ул. 15-ти Корпус бр. 142
– Ванчо Кркулески ул. Стив Наумов бр. 4
– Ахмед Инџи ул. Гоце Делчев бр. 247
За најубаво уредена станбена површина избрана е ул. Туристичка бр. 12.
За жал голем број од стамбените површини не се убаво уредени, а за тие станбени површини за кои минативе години имавме забелешки, оваа година се поуредни.-посочуваат од „Бисера“.
За најубаво уредените дворови Женскиот центар „Бисера“ Охрид подели пофалници, а ЈП „Охридски Комуналец“ додели садници и цвеќина. Посебна пофалба од „Бисера“ доби јавното комунално претпријатие од Охрид за напорите за разубавување на градот.
OhridNews