Членови на Женски центар „Бисера“, денес, ги посетија најубаво уредените дворови и станбени површини во Охрид.

Годинава, за најубаво уредени  се избрани дворовите на Билјана Митреска на улица „ Прва Македонска ударна бригада“, на Мазес Абдураман на улица „ Егејска“ и од охриѓанецот Методија Кецкоски на улица „Галичица“.

На сопствениците, од страна на ЖЦ „ Бисера“  доделени им се пофалници, како и саксиско цвеќе од ЈП „ Охридски комуналец“.

OhridNews