Ристана Божиноска го подготвува највкусното ѓомлезе во охридскиот крај.
Вака одлучи комисијата на манифестацијата „Охридска софра“, која ги вкуси традиционалните специјалитети што ги подготвија учесниците на традиционалниот настан што во организација на локалната самоуправа се одржа вчера во познатото излетничко место Скребатно.
Втората награда и припадна на Билјана Стрезоска, додека третата награда ја доби Крсте Џуклески.
-На овој начин правиме успешен спој меѓу природните убавини и вкусот на традиционалната кујна, со што го помагаме развојот на руралниот туризам, како комплементарен дел од вкупната туристичка понуда на Охрид.Уверени сме дека нашата стратешка определба за збогатување на понудата, постојано ќе го зголемува бројот на домашните и странските гости и ќе ја продолжи туристичката сезона. – истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Со манифестацијата „Охридска софра“ симболично се означува крајот на главната туристичка сезона во Охрид.
OhridNews
















