На седницата на Централниот
одбор на СДСМ на седницата одржана на 14 јуни вечерта, го избра новото
најтесно раководство на партијата.
Како што пренесува „Телма“,
за претседавач на ЦО е избрана д-р Рената Десковска, професор на
Правниот факултет. Нови потпретседатели на СДСМ се: д-р. Ванчо Узунов,
професор на Правниот факултет од Скопје; М-р. Александар Кирацовски,
магистрант по менаџмент на човечки ресурсиод Битола; д-р Фросина
Ременски, професор на Факултетот за безбедност од Скопје; Дамјан
Манчевски, дипломиран електро инеженер, постдипломец на Универзитетот во
Бирминген, 34 години, од Скопје. За нов секретар на СДСМ е избран
Иливер Спасовски, а за секретар за меѓународна соработка Јован
Деспотовски.
На седницата беше избрано и ново Претседателство на СДСМ.
извор:„Телма“