Графитите со навредлива содржина на национална основа што осамнаа деновиве, цртањето кукасти крстови и сквернавењето на сакралните објекти во Охрид, не ги вознемири властите, политичките партии и невладините организации во градот. Никој од нив не излезе со реакција и не ги осуди вандалските инциденти кои го нарушуваат спокојството на охриѓани и го загрозуваат вековниот соживот.
Изминатава недела речиси да немаше ден, а да не стигне до локалните медиуми некакво соопштение, реакција, демант или најава за прес конференција на „актуелна тема“ од политичките субјекти, здруженија, институции… Но истите тие сега молчат, со што испраќаат лоша порака до јавноста.
Единствената реакција пристигна од здружението на Египќаните ОПЕМ и невладината „Светла иднина“. Според нив ваквите инциденти се обид да се испровоцираат традиционално добрите и коректни меѓуетнички и меѓучовечки односи во Охрид. Преставниците на Египќаните повикуваат нивните сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Црногорци, Срби и други, да не подлегнуваат на ваквите провокации, кои според нив, имаат за цел да се наруши соживотот во градот.
Охрид е град на културата и духовноста, дел од светското културно наследство и не му доликуваат вакви инциденти. Затоа надлежните институции, пред се полицијата, треба брзо и енергични да реагираат, да ги откријат сторителите и нарачателите и да ги изведат пред лицето на правдата, а охриѓани да соберат храброст, да ги засукаат ракавите и да ги избришат непристојните пораки и симболи од ѕидовите на верските објекти, училиштата и споменици на културата, кои претставуваат вистински срам за едно цивилизирано општество.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.