Археологијата е ретка тема во творештвото на современите македонски писатели, иако е една од најактуелните теми денес и кај нас, па затоа се очекува оваа книга со провокативните мотиви и содржини кои ги обработува – да предизвика голема заинтересираност кај најмладите, но и кај возрасните читатели.
Инаку, Петко Шипинкаровски (1946) е автор и на романите: “Откорнати души“, “Петра“, “Црна љубов“ и “Дабјак“, книгата со раскази “Залезнина“, поетските книги “Седело на орлица“, “Бели ветрови“ и “Злоуми“, монодрамата “Духот на војводата“, романизираните монографии “Кога тргнав Цвето во туѓина“ и “Струшки сведоштва“, научниот труд “Рудолф Арчибалд Рајс за Македонија и за Македонците“, коавтор е на збирката собрани песни “Миладиновци – 145 години од излегувањето на Зборникот на народни песни од браќата Миладиновци“ и “Книга на есејот 2010“, како и на повеќе други авторски прилози.
Шипинкаровски е главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и наука “Бранувања“.