Согласно законот за животна средина  и уредбата за инсталациите кои подлежат  на обврската за поседување Б-интегрирана еколошка дозвола ,Општина Охрид  ја издаде четвртата  Б-интегрирана еколошка дозвола, односно Б- дозвола за усогласување со оперативен план за инсталацијата ГД „Гранит“ АД Скопје Организациона единица Високоградба -Охрид.

Дозволата ја обврзува инсталацијата да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната срединаи предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи, во смисла на интегрирано спречување и контрола на загадувањето.

OhridNews