Според текст на Коста Балабанов, во монографијата се опфатени сите значајни културно-историски знаменитости на Охрид, Охридското Езеро и околината. Во оваа комплетна студија се пополнува една голема празнина што се појавуваше во изминативе дваесет години за промоцијата и презентацијата на Охрид, како културно-историски и туристички бисер.
Првата промоција ова издание го имаше при неодамнешната посета на екипата на Travel chanel, во чиј документарец се користат многу факти и текстови од оваа монографија.
На 270 страници, со повеќе од 170 колор фотографии прикажано е целото културно богатство на Охрид и охридскиот регион. Со врвниот квалитет ова издание претставува вистински подарок за сите странски туристи, деловни партнери, пријатели и гости што престојуваат и имаат намера да престојуваат во Македонија.