Струшкиот писател Петко Шипинкаровски, деновиве го издаде своето шеснаесетто книжевно остварување, овој пат насловено како „Бели утра“.
Темите обработени во четирите циклуси во стихозбирката, ја претставуваат носталгијата, минатото, детските и денешните дни на Шипинкаровски кон неговот родно Мариово. Според него, во делото напишано на македонските стандарден јазик, содржани се архаичноста и мариовскиот говор.
Инаку, Петко Шипинкаровски е член на Друштвото на писатели на Македонија и Здружението на новинарите од земјава. До сега има напишано неколку монодрами, романи и поетски збирки. „Бели утра“, најпрво ќе биде промовирана во Охрид, а потоа и во Струга.
OhridNews













