Издавачите на педалинки во Охрид нудат елеци за спасување, непливачи од срам не ги земаат
10.08.10 08:00
Последните несреќи на Охридското Езеро, кога под слични околности две момчиња се удавија забавувајќи се на педалинка, уште еднаш го отворија прашањето за безбедноста на овие реквизити за забава на вода. Завчера надвор од обезбеденото капалиште на Машка плажа во Струга се удави шеснаесет годишниот Ријат Сулејмани од велешкото село Бузалково. Тој се возел на педалинка заедно со неговиот татко. Двајцата биле непливачи и немале елеци за спасување. Во записникот од несреќата стои дека и не им биле понудени елеци за спасување. Исто така надвор од обезбеденото капалиште на плажата Славија во Охрид, минатиот викенд се удави 21-годишно момче од Прилеп. И тоа било непливач и немало елек за спасување, кој согласно измените во законот, задолжително треба да го има на секоја педалинка.
Издавачите на педалинки на охридското крајбрежје велат дека во целост ги почитуваат безбедносните мерки и им нудат појаси на лицата кои сакаат да изнајмат реквизити.
-Пред секоја педалинка да влезе во вода ги прашуваме туристите дали знаат да пливаат, ако не се доволно искусни им нудиме појаси за спасување, вели Силвана Филева-издавач на педалинки.
Филева објаснува дека повеќето лица кои сакаат да се возат со педалинки земаат и ги користат елеците за спасување, но и дека има такви кои се срамат да признаат дека не знаат да пливаат и не земаат појаси.
–Има и такви кои не сакаат да признаат дека не знаат да пливат и не земаат појаси. Уште потсмевливо прашуваат: „Што ме мислиш мене толкав не знам да пливам?“, или се навредуваат, но јас не можам да проверувам кој колку знае да плива и со сила да им ставам појас за спасување на глава, тоа е одговорност на тој што изнајмува педалинка, додава Филева.
Појаси има…
…дали ќе ги користат одлучуваат изнајмувачите
На плажата „Орце Николов“ каде има и најголем број педалинки, издавачите имаат обезбедено елеци за спасување, за разлика од Струга каде тоа во најголем дел не е случај. Поради тоа дел од концесионерите на плажите во струшко бараат да се забрани користење на педалинки на Охридското Езеро, со што не се согласуваат упатените во оваа проблематика Тие сметаат дека дека треба да се зголеми контролата на капалиштата и на реквизитите за забава на плажа, односно да се зголемат мерките на безбедност при издавање и користење педалинки.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.