Изгаснат е пожарот што утрово нешто пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга.

Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоеше опасност од зафаќање други објекти. Кровот беше зафатен од Безистенот, можеше да се прошири, среќа пожарникарите стигнаа на време. Го изгаснавме и ги спасивме околните објекти, изјави командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари.
Посочи дека пожарот во Струшката пожарна бил пријавен околу 9 часот и 30 минути од граѓани, а во гасењето интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила.
Секој обичен граѓанин е загрижен, а не ние кои имаме бизниси тука од кои живееме и зависиме. Малку застрашувачко е ова. Жал ми е за овие горе кои настрадаа имаат повеќе штета, и долу во некои дуќани ќе имаме штета од водата, изјави Белки Азиба, сопственик на дуќан.
Вели за дуќаните во Безистенот треба да се грижат нивните сопственици, додека Општината и државата треба да контролираат и превземат мерки за почитување на правилата и мерките за заштита од пожари.

Увидот треба да покаже од што настанал пожарот и колкава материјална штета е предизвикана.
Н.С.Ј.













