Државниот инспекторат за животна средина информира дека е извршен контролен увид на нестандардната депонија Буково, и потврди дека се изгаснати опожарените делови.
Финализирано е гаснењето на опожарените делови од страна на ЈП „Охридски Комуналец“. Во наредните денови и за викендот ќе следат активност за покривање со земја. – информира ДИЖС.

ЈП Охридски комуналец ги гаснеше опожарените делови од депонијата, и изврши покривање со земја/песок. Претходно беше спроведен третман со раствор кој содржи чиста алга, изјавија во понеделникот од јавното комунално претпријатие за OhridNews.
Според Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораките од УНЕСКО депонијата „Буково“ треба да биде затворена, но преземањето на оваа мерка зависи од одлуката за одредување на локација и отворање на регионална депонија за Југозападниот регион.
OhridNews















