Пратениците, во отсуство на опозицијата, на пленарна седница го изгласаа Законот за амнестијата, со кој на осудениците им се намалува затворската казна. Законот предвидува затворениците на кои им е изречена казна до шест месеци да бидат ослободени. Оние пак што добиле над шест месеци се ослободуваат од издржување 30 отсто од целокупната казна.

Новите измени на Законот за амнестијата не се однесуваат за лица осудени со правосилна пресуда, како доживотен затвор, кривично дело убиство, силување и педофилија, кривични дела против државата, како и кривични дела против човечноста.Законот се однесува на лица што кривичните дела ги сториле до 20.9.2017 година.

Ослободени од казна ќе бидат 670 правосилно осудени лица осудени на казна затвор до 6 месеци, а на 3.097 лица ќе им биде намалена казната 30 отсто.

OhridNews