Со 84 гласа „за“ и еден „против“, македонското Собрание денеска ги усвои предложените измени и дополнувања во Изборниот законик по итна постапка, со кои се продолжува рокот за доставување кандидатски листи за градоначалници и советници за уште пет дена.

Овој предлог, кој беше подржан и од опозиционерите, беше предложен од страна на пратеничката група од владеачката партија.

Рокот е продолжен согласно вчерашниот постигнат политички договор, кој се одвиваше под покровителство на ЕУ.

Во Охрид извесно е дека кандидат за градоначалник на опозициската коалиција ќе биде Александар Петрески, додека листата за советници допрва ќе се составува. За ова ќе одлучуваат ограноците и централите на партиите, каде веќе започнале прелиминарните подготовки за учество на локалните избори кои ќе се одржат на 24 март.

OhridNews