Дознајте на кои начини може да изгледате десет години помладо, за многу кратко време
1.Коректор за лице
Една од најчестите грешки која жените ја прават е тоа што ставаат премногу шминка за да изгледаат помладо, а ефектот е всушност спротивен. Нанесете коректор преку образите и челото за кожата да ви изгледа позатегната, а тенот изедначен.
2. Коректор за подочници
Главната пичина поради која жените во зрелите години изгледаат постари, се подочниците. Користете коректор за да ја сокриете опуштената кожа и темните кругови под очите.
3. Ставете маскара и нагласете ги очите
Нагласувањето на очите е најважната работа која можете да ја направите за да изгледате десет години помладо. Исцртајте ги очите со туш, а на трепките ставете маскара.
4. Фустан кој го прати обликот на телото
Многу жени во одредени години престануваат да водат сметка за облеката и токму поради тоа изгледаат постаро. Изберете облека која одговара на обликот на вашето тело и сигурно ќе изгледате помлади и поубави.
5. Отстранете ги несаканите влакна од  лицето
Без оглед на тоа дали ви одговара избелување или депилација, задолжително отстранете ги несаканите влакна од лицето за да изгледате помладо. Тоа подразбира и обликување на веѓите.

6. Променете ја фризурата
Можете да створите илузија на младешки изглед така што ќе ја промените фризурата и ќе пробате нешто ново.
7. Користете корсет
За да изгледате помладо и позатегнато, користете корсет. Тоа е посебно значајно кај жените во зрелите години, бидејќи опуштената кожа им ја држи на место.
8. Маска за лице
Ако сакате да изгледате помладо без нанесување на премногу шминка, едноставо користете маска за лице. Најпрво направете пилинг за да ви се отворат порите, а потоа нанесете ја маската.
9. Кармини во светли нијанси
Темните бои ги истакнуваат проблематичните делови на лицето, затоа користете кармини со пастелни бои.
10. Насмевка
Последна, но не и најмалку важна, е насмевката. Не потценувајте ја моќта на насмевката. Насмеаните жени изгледаат весело, а со самото тоа и доста помладо.